Здравко Чолиќ роденденски промовираше нова песна и видео спот (Видео)

Балканска

Пред извесно време познатиот балкански пејач Здравко Чолиќ заедно со екипата на соработници престојуваше на една многу интересна локација во Црна Гора, скоро непрепознатлива дури ни за жителите на Црна Гора, каде што спотот е снимен во два дена, со скоро 30 часа снимање. Од Котор до Бар, преку Скадарско езеро, на шест различни локации снимени се убавината и магијата на старите приморски улички и градби кои досега не се видени во музичките спотови.

“Се радувам и многу ми е драго што за мојот роденден ќе и подарам на публиката нова песна и спот. Во план е оваа есен да биде објавен 15-от студиски албум, а ова е прва песна од новиот албум која ја претставувам, која ја работев со моите долгогодишни соработници. Текстот и музиката го пишуваше Бајага, а Никша Братош го направи аранжманот”, открива Чолиќ.

“Глумицата Јелена Гавриловиќ ја има главната улога на “Мала”, како што и самата песна го носи името. Таа ќе ве понесе во една романтична приказна која ја дели со моделот Бојан Карас. Во заводлива игра, Јелена глуми млада филмска дива чие снимање на филм се одвива во едно приморско, рибарско место. Улогата на ладна и недостапна дива која вешто го лови погледот на младиот рибар, не криејќи ја заинтригираноста, ја прави оваа приказна многу интересна”, ни открива режисерот Кеки.

Текстот и музиката се со потпис на Момчило Бајагиќ Бајага, аранжманот е на Никша Братош, а режијата, како и за неколку претходни спотови така и сега, Чолиќ ја доверува на Александар Керекеш Кеки, чија замисла овој пат е емоциите од оваа летна песна да се доловат низ една романтична и заводлива филмска приказна.

Во продолжение уживајте во најновиот летен хит на Здравко Чолиќ.

Подготви: Христина Секуловска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели