Жељко Бебек промовираше нов албум

Балканска

Легендарниот пејач Жељко Бебек во Белград го промовираше својот нов албум “Оно нешто наше” на ЦД и на плоча. Се работи за дискографски проект кој се најавува подолго време, а беше навестен со синглот “Првак света”, промовиран на фестивал во Водици во 2015-та година. На албумот се наоѓаат вкупно девет песни. Продуцент на плочата е Бранимир Михаљевиќ, кој воедно е и автор повеќето песни.

“Трите сингла коишто настанаа пред самото излегување на албумот и реакцијата на публиката на нив, ми беа доволен знак дека дошло време за нов албум, а од последниот поминаа пет години. Влегов во студио и со Бранимир ги снимив песните, што пак, ги пеев уживајќи. И од моментот кога завршивме со снимањето, нестрпливо го чекавме денот кога и физички ќе го држиме в раце”, изјави Бебек. Тој додаде дека гостин на албумот е Оливер Драгојевиќ.

Подготви: Влад Петров

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели