Жељко Самарџиќ со голем летен концерт во Антички театар во Охрид

Балканска

Еден од најголемите балкански романтичари, извонредниот Жељко Самарџиќ кој со своите песни знае да допре до срцата на сите генерации, најавува неколкучасовен концерт во Охрид. Концертот ќе се одржи на 05-ти август (сабота). Локацијата е исто така романтична во склад со неговиот романтичен карактер – прекрасниот Антички театар во Охрид.

Самарџиќ во Скопје доаѓа придружуван од својот бенд и е подготвен пред македонската публика повторно да ги испее хитовите кои што ја одбележаа неговата кариера, како и неговите поновите песни. Фановите ќе уживаат во препознатливите “Грлица”, “Покажи ми шта знаш”, “Безобразно зелене”, “Љубавник”, “Девет хилјада” и многу други постари и понови хит песни.

Билетите се веќе пуштени во продажба и истите може да се набават преку продажната мрежа на kupikartizase низ цела Македонија, во Југотон, Пола Југотон и цвеќара “Розе” – Веро 2.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели