Covers

24 Covers: Антонио Пејоски – “Nunca te olvidare” (Enrique Iglesias)

Како и секогаш досега, така и овој пат ексклузивно Ви пуштаме ковер од еден наш млад, згоден и се повеќе и повеќе познат помеѓу познатите, а станува збор за Антонио Пејоски поп пејач кој како и секогаш досега, така и овој пат на Специјализираниот македонски музички портал Музика24 ја довери својата доверба. Неодамна на интернет музичкиот канал You Tube тој го пушти својот ковер за песната “Nunca te olvidare” од Enrique Iglesias. А кога го прашавме зошто ја сними токму таа песна, тој за Музика24 одговори:

“Се одлучив за оваа песна затоа што пред се ми лежат баладите и премногу ги сакам, а освен тоа, сакав да снимам нешто поразлично од она досега”, изјави Антонио за Музика24. Песната е снимена и продуцирана во студиото на К-Тим продукција. А како звучи овој голем светски хит во изведба на младиот Антонио Пејоски, слушнете во продолжение.

Antonio Pejkoski

Подготви:Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: