24 Covers: Данчо Пајдаков ft. Наталија Данаилова – “Broken” (Seether ft. Amy Lee)

Covers

Музика24 на својот e-mail: [email protected] деновиве доби нов ковер од еден наш македонски музичар. Доколку се сеќавате на Данчо Пајдаков се ќе ви биде јасно. Но доколку тоа не е така, ние денес ви го претставуваме неговиот ков ковер кој тој го сними заедно со Наталија Данаилова позната на македонската јавност од првата и засега единствена сезона во Македонија на музичкото шоу “Macedonian idol”.

Преслушајте го неговиот нов ковер за песната “Broken” од Seether и Amy Lee кои што тие го снимија во аксустична верзија. Доколку секако ви се допаѓа лајкувајте го и споделете го со вашите пријатели, а уште еднаш да ве потсетиме за сите вас кои сте музичари аматери или професионалци и кои што на овој или оној начин снимате или сте снимиле ковер, истиот да ни го испратите на e-mail: [email protected] и ние секако ќе ве презентираме вас и вашиот ковер на нашиот музички портал Музика24.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели