Covers

24 Covers: Давор Нечак – “Thinking out loud” (One man band)

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 продолжува со претставување на нови музички лица кои снимаат ковери за познати светски, балкански и македонски хитови. Денес во оваа рубрика ви го претставуваме младиот битолчанец Давор Нечак кој моментално е втора година во Државното средно музичко училиште во Битола на отсекот Соло пеење.

Како што вели за Музика24, досега има настапувано на “Езерски бисери” во Струга каде што има добиено трета награда, како и на државниот натпревар по соло пеење каде ја има освоено првата награда. Иако има само 16 години, Давор има сопствено студио каде ги работи аранжманите за одредени песни, од кои некои се достапни на неговиот музички канал на You Tube, а исто така, истовремено е ангажиран и како бас во еден бенд. За снимањето на новиот ковер, кој во продолжение ќе го видите и слушнете, Давор вели:

“Од секогаш ми лежеле баладите, но овој пат немав идеа да снимам кoвер во тој период. Едноставно, не ја одбрав песната јас, затоа што таа ме одбра мене. Ми се допадна начинот на снимање таканаречен One man band, па решив да се испробам и на тој начин”, вели младиот Давор Нечак за Музика24.

А за што точно досега пишувавме… погледнете во продолжение.

http://youtu.be/7DGerU47R9I

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: