24 Covers: Александра Јанева – “Son of a preacher man” (Dusty Springfield)

Covers

Таа е млада, убава, згодна и се почесто и почесто има настапи низ градовите во Македонија. После преработката од минатиот месец на песната “Зошто баш ти” од Ноне Неделковска, поп пејачката Александра Јанева не престанува да споделува музички материјали по социјалните мрежи. Овој пат станува збор за акустична изведба на светски евергрин во едно од нејзините радио гостувања.

Таа објави изведба на безвременскиот хит “Son of a preacher man” на Dusty Springfield кој речиси 50 години се препејува, изведува и слуша. Нејзината верзија е во препознатливиот стил на струмичанката, со карактеристична експресија и силна емоција. Во продолжение, преслушајте го и погледнете го новиот ковер од Александра.

https://www.facebook.com/JanevaAleksandra/videos/741542462690075/

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели