24 Covers: Александра Јанева – “Зошто баш ти” (Ноне Неделковска)

Covers

По повод 10 годишнината од издавањето на оригиналната верзија на баладата “Зошто баш ти”, пејачката Александра Јанева направи свој римејк. Вчера вечер за време на нејзиниот настап во Кафе “Концепт” во Струмица беа промовирани песната и видео записот.

“Благодарност до целиот мој тим кој веруваше во овој проект и подготвивме уште едно изненадување за публиката. Заедно со авторите одлучивме да ја ре-издадеме оваа прекрасна македонска песна во еден помодерен звук. Се надевам дека новата верзија ќе и се допадне на публиката”, вели Александра по промоцијата. Инаку, музиката на песната е од познатиот автор и хитмејкер Јован Јованов, текстот е на Елвир Меќиќ, а новиот аранжман на Иле Спасев, додека видеото е на Rewind production и креативниот Ѓорги Вацев.

Струмичанката Јанева е се уште актуелна со последната балада “Солза за крај” која излезе во месец февруари. Официјалната преработка “Зошто баш ти” е веќе втор нејзин сингл во 2017-та со што најавува плодна и креативна година. Во продолжение погледнете го видеото за преработката за оваа старо-нова песна.

Подготви: Александра Блажевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели