24 Covers: Антонела Трајковска – “Million years ago” (Адел)

Младата Антонела Трајковска со преработка на композицијата “Million years ago” од мега-ѕвездата Адел ќе ја освојува македонската музичка сцена. Таа е дел од музичкото училиште “Music room”.

“Ние како продукција и музичко училиште, застанавме позади реализацијата на овој видео-спот и преработката на композицијата. Таа е инзвореден талент, кој допрва ќе покаже што знае. Работиме на усовршување на младите таленти, бидејќи само така се стигнува до врвот. Верувајте, има многу. Наскоро, тие ќе бидат презентирани пред јавноста, бидејќи заслужуваат да бидат видени и чуени”, вели Анита Мицова, естраден уметник и основач на продукцијата.

А во продолжение погледнете го коверот за светскиот хит во изведба на Антонела.

Подготви: Александра Блажевска

Повеќе на Музика24...