24 Covers: Иван Мамучевски преработи хит од Саша Ковачевиќ (Видео)

Covers

Младото и талентирано момче Иван Мамучевски кое ни доаѓа од Берово е ново и надежно име на македонската музичка сцена, а за да го докаже тоа, деновиве ја претстави својата прва преработка. Станува збор за баладата “Живим да те волим” од популарниот српски пејач Саша Ковачевиќ, за која Иван ги здружи силите со колегата Ангел Таковски, со кого настапува низ Источна Македонија како “Ангел и Иван бенд”.

Покрај Таковски, кој свири на пијано, на гитара го придружува Ејуп Оџов, а сето тоа снимено во студиото “Ѕене” го екранизираше Јована Јовановска. Уживајте!

Подготви: Христина Секуловска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели