24Covers: Огнен Здравковски – “Кад вараш ти” (Тоше Проески)

Младиот и досега на неколку пати докажан поп пејач Огнен Здравковски објави ковер за песната “Кад вараш ти” од нашата македонска поп легенда Тоше Проески. Тој вели дека ја одбрал токму оваа песна, бидејќи е навистина голем хит, а овој ковер е одлична можност да се даде уште една голема почит за прерано починатиот пејач. Тој за овој одличен ковер има снимено и видео спот кој имате можност да го погледнете подолу.

Инаку, Огнен своите вокални способности ќе ги покаже и на претстојниот “Макфест” каде настапува на првата полуфинална вечер, односно, утре 5-ти октомври четврток. Како ќе се покаже, која композиција ќе ја отпее и дали ќе биде дел од големот финале… тоа сеуште не го знаме, но затоа потоа, уживајте во најновиот ковер на младиот Огнен за песната “Кад вараш ти” од Тоше Проески.

Подготви: Марија Поповска

Повеќе на Музика24...