24 Covers: Панчо ДНК – “Есен во мене” (Елена Ристеска)

Covers

Кој вели дека и нашите познати македонски музички имиња незнаат и неможат да подготват еден страшно добро и професинално подготвен ковер? Пример за тоа е Панчо од дуото ДНК кој денес постирајќи на нивниот официјален YouTube канал одлично подготвен ковер, го докажава веќе споменатото. Тој благодарение на своите соработници и добри пријатели, ја преработи, сними и го официјализираше коверот за песната “Есен во мене” на нашата позната македонска поп пејачка Елена Ристеска. Како што наведува и самиот тој, овој ковер е снимен по повод 10 годишнината од оваа преубава емотивна балада.

Постирајќи го денешниот ковер, тој преку социјалните мрежи се заблагодари на своите пријатели и соработници кои му помогнале да го реализира она што ќе имате можност да го слушнете подолу. А кому се Панчо му се заблагодари прочитајте во продолжение.

Како звучи оваа предобра незаборавна песна, евергрин… слушнете и уживајте во продолжение.

Подготви: Андреа Андреевиќ

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели