0

24 Covers: Поп арт Бенд – “Ноќна кралица” (Ерзана)

Covers

Веројатно многумина од вас се сеќаваат на некогаш многу познатата македонска поп пејачка Ерзана. Таа својата слава ја достигна со своите познати и препознатливи хитови во 90-те години од минатиот век. После две децении од постоењето на еден од најголемите македонски поп хитови, песната “Ноќна кралица”, Поп арт Бенд го преработија и на свој начин снимија ковер за оваа песна. Моника Јанков – Малиша со својот вокал едноставно плени и овој ковер ќе сакате да го исклушате и погледнете до самиот крај, а освен Моника во состав на овој бенд членуваат и Марио Ристовски – бас гитара, Димитар Ганчевски – клавијатури, Филип Пулески – гитара, Кристијан Лафазановски – тапани и Анета Василева – придружни вокали.

Во продолжение, со задоволство ви предлагаме да го погледнете новото видео снимено од страна на Куба продукција за ковер верзијата на “Ноќна кралица”. Уживајте!

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели