0

Александра Јанева сними кавер за песната “Ако ме сакаш” (Видео)

Covers

Неодамна Александра Јанева и гитаристот Тино Стојановски направија нова верзија на “Ако ме сакаш” од Лина Пејовска. Преработката е објавена во пресрет на новото издание на “Макфест 2018” кое ќе се одржи од 4-ти до 6-ти октомври.

“Оваа ќе биде нашата последна преработка од летниот проект #summerjam. Изведбата е во чест на хитовите кои ги дава најголемиот фестивал во Македонија. Според мене, “Ако ме сакаш” беше апсолутниот хит oд “Макфест” минатата година”, вели Александра која настапуваше на ланското издание на фестивалот како гостин во ревијалниот дел.

Со изведбата на песната Лина Пејовска во Штип ја доби наградата за дебитант на годината. Во текот на летото, Александра Јанева заедно со Тино Стојановски и бендот 2Be ги обработија: “Херој”, “Километри” и “Us”.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели