0

Александра Јанева со изведба на “US” од James Bay и Аlicia Keys (Видео)

Covers

Пред неколку дена на социјалните мрежи поп-пејачката Александра Јанева го објави третото #summerjam видео. Овојпат станува збор за преработка на емотивната Us на гитаристот и автор James Bay. Во мај 2018, за време на шоуто “The Voice James Bay” ја изведе песната заедно со Alicia Keys. Токму таа машко-женска верзија е инспирација за преработката со 2Be.

“Омилени предизвици ми се преработки на светски хитови отпеани од толку инспиративни артисти како James Bay и Alicia Keys. А кога Љупче е совршениот James Bay, нема поголемо задоволство од тоа да ја играм улогата на Alicia Keys”, вели Александра Јанева. Aранжманот е на Тино Стојановски кој ги свири и гитарите, Синиша Зукиќ е на кахон, а Љупче Стојановски ја придружува Александра како вокал. Во првиот месец од обработките на македонските хитови “Херој” и “Километри” овој летен проект доби 50.000 прегледи.

Во продолжение, уживајте во новото #summerjam видео.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели