Антонио Пејоски сними емотивен кавер за “Једра” од Саша Ковачевиќ (Видео)

Covers

Младиот, симпатичен, талентиран и веќе докажан Антонио Пејоски, за кој досега во многу наврати пишувавме, покрај многубројните настапи и ноќни забави за кој е ангажиран, најде време да сними и преку Музика24 да го презентираме и промовираме неговиот најнов кавер за баладата “Једра” од Саша Ковачевиќ. Како што вели Антонио за нашиот музички портал, песната е снимена и продуцирана во К-Тим продукција од Скопје, поточно, од познатиот музичар и продуцент Славиша Киброски со кој веќе долги години соработува. Што се однесува до видеото, кое рака на срце одлично изгледа, овој пат е задолжен Гоце Цветков кој што истото го реализираше во комплексот на фабриката “Огитекс” од Струга.

“Наскоро следуваат уште неколку кавери, а потоа со одбран тим ќе се работи на моја нова авторска песна. Инаку, заедно со мојот бенд активни сме на целата територија на Република Македонија, а исто така настапуваме и во Косово. А ова лето веќе имаме закажано настапи и во соседна Грција”, вели Антонио за нашиот музички портал Музика24.

Сите вие кои што редовно го следите и ви се допаѓа тоа што Антонио и неговиот бенд го прават, следните настапи каде можете да ги посетите и да уживате во нивната музика и нивниот репертоар се следните:

  • 23.05 – Приватна забава во Велес
  • 25.05 – Кафе Бар “Cinema” во Крива Паланка
  • 26.05 – Ноќен клуб “River” во Делчево и
  • 30.05 – Ноќен клуб “Clique” во Штип.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели