Песната која стана хит и ја одбележи кариерата на пејачот Дарио Панковски и групата Миг 21, “Косоока” повторно се врати во етерот преку маестралната преработка на Виктор Постолов од “Пинк Ѕвезди” и неговата музичка група “Театро бенд”.
Музичката група “Театро бенд” на македонската музичка сцена постои веќе 3 години, а ја сочинуваат Љупчо Ѓорѓијев – клавијатури, Виктор Постолов – вокал и Маријан Стоименов – гитара. На нивниот музички репертоар се наоѓаат популарни хитови, македонска, екс-ју и англиска музика. Во нивното 3-годишно постоење настапиле во многу дискотеки и локали низ цела Македонија.
“Ќе следи уште некоја обработка на популарни хитови, а понатаму и авторска музика за која веќе некое време се подготвуваме”, најавуваат од “Театро бенд”. Во продолжение уживајте со “Косоока” во изведба на “Театро бенд”.
Подготви: Редакција Музика24