“Македонско девојче” во изведба на шпански оркестар во Минхен (Видео)

Covers

Македонската песна “Македонско девојче” како еден од најпрепознатливиот симбол за нашата земја, ечеше среде Минхен. Оркестарот “Barcelona Gipsy Balkan Orchestra” во април направија промоција на нивниот најнов албум насловен како “Avo Kanto” низ цела Германија. Изненадувачи е што овој бенд за време на нивниот настап во Минхен, ја извеле најпозната македонска песна “Македонско девојче”.

Според видеото кое ќе имате можност да го видите подолу може да забележите како публиката реагира на оваа песна. Оркестарот во кој членуваат: Робиндро Николиќ од Шпанија, Матиа Широса од Италија, Иван Ковачевиќ од Србија, Џулиен Чанал од Франција, Стелиос Тогиас од Грција и Сандра Санаџио од Шпанија, изведува традиционални песни од Источно европскиот регион, Јужна Америка и Средниот Исток.

Подготви: Виолета Трајковска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели