Наташа Малинкова ја преработи македонската евровизиската песна (Видео)

Covers

Песната “Dance alone” со која Јана Бурческа ќе ги брани боите на нашата земја на претстојното 62-ро по ред издание на Евровизија, стана инстант хит за евровизиските фанови, а што е уште поважно, одлично е прифатена и од домашната публика, но и од колегите на Јана. Сепак се чини дека песната најмногу и се допаднала на Наташа Малинкова, која одлучи да направи одлична акустична преработка.

Во придружба на Столе Аврамов на гитара, пејачката и даде една поинаква димензија на евровизискиот хит, а како звучи сето тоа можете да слушнете подолу. Јана ќе настапи во втората полуфинална вечер на 11-ти мај, а се надеваме дека уште еднаш ќе ја видиме и во големото финале на 13-ти мај.

Подготви: Маргарита Робевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели