Covers

Погледнете: Никола Тефов со нов ковер (Видео)

Досега на неколку наврати сме пишувале за младиот и талентиран музичар Никола Тефов. Тој речиси пред година и половина се појави со ковер за нумерата “Next to you” од познатата светска тинејџерска ѕвезда Џастин Бибер, а оваа песна тој ја отпеа со Ристе Трајковски. Тие двајцата сеуште не престануваат со своите изненадувања на музичко поле.

По огромната гледаност од 65 илјади посетители на првото видео, тие деновиве се пофалија со нешто ново, имаат нов ковер и секако ново видео. Овој пат станува збор за песната “The other side” од Џејсон Деруло. Музиката, продукцијата и видео реализацијата се дело на младиот Никола Тефов, додека зад камерата, односно, за одлично снимените кадри “виновник” е Владимир Карловиќ.

Во продолжение, Ви предлагаме да го погледнете нивниот нов ковер и секако, пишете ни коментари дали Ви се допаѓа?

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: