Covers

Охридскиот бенд “Енерџи Бенд” со неколку нови видеа на YouTube (Видео)

Групата “Енерџи Бенд” постои од 2011-та година во која беше изведен и нивниот прв настап. Бендот се состои од тројца талентирани млади музичари вокал Ристе Ристески, виолина Кристијан Голев и сајзер Емре Билбил. Првиот успех го постигнуваат со учество на охридскиот фестивал “Kанео Фест” во 2012-та со освоени две први награди од публика и од жири. Од самиот почеток па се до денес активно настапуваат во охридските дискотеки и низ другите градови низ Македонија, оставајќи зад себе одлично расположение и незаборавна журка.

На музички план е и првиот албум кој се предвидува да биде реализиран за краток временски период. Покрај тоа што можете во живо да присуствувате на нивните настапи, можете да ги следите на нивната фан страна на фејсбук: Енерџи Бенд и на нивниот YouTube канал. Последниве денови беа објавени и неколку нови видеа кои се снимени во живо од кои ние ви издвојуваме ковер на песната од Тоше Проески “Све је ово премало за крај”.

Подготви: Дениза Илиеска

Можеби ќе ве интересира: