Погледнете: “Ако одам во Битола” интерпретирана од Тамара Стојковска (Видео)

Covers

Кој вели дека младите не ја негуваат и дека не ја сакаат македонската народна музика? Иако македонската музичка сцена моментално е во длабок сон, младите од Битола ни испратија интересен, впечатлив и професионален ковер кој секако заслужува место на нашиот музички портал. Македонската народна песна “Ако одам во Битола” во коверот кој што ви го претставуваме ја пее младата пејачка Тамара Стојковска која моментално студира на музичката академија во Скопје. Како што не информираат одтаму, тие токму ја одбрале оваа песна, бидејќи онака како што ќе ја слушнете подолу е напишана за оркестарот на Државното музичко училиште во Битола.

Аранжер и пијано е младиот музичар Давор Неќак кој што оваа година е матурант во музичкото училиште од овој град на отсекот соло пеење. За видеото да изгледа онака професионално се погрижи Дрим Каст продукција, а истото е снимено во Битолскиот народен театар.

И за да не ве држиме во неизвесност, погледнете го видеото и уживајте во оргиналноста која што истото ви ја нуди.

Подготви: Дениза Илиевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели