Погледнете: Македонски познат пејач преработи позната детска песна (Видео)

Covers

Досега на многу наврати сме имале можност да слушнеме како познати пејачи дел од македонската музичка сцена преработуваат и повторно ги препејуваат некогаш познатите детски хитови со кои повеќето од генерациите пораснаа. Борче Димитров-Бока од групата “Рафинерија” ја преработи и на некој начин успешно ја долови детската хит песна од деведесетите “Прва љубов” во оргинална изведба на Елена Андреевска отпеана на детскиот фестивал “Си-До 1993”.

“Оваа мелодија од секогаш сум ја сметал за сериозна. Само мораше да го променам текстот за што Софија Каранфиловска ми даде одобрение и изведувачки права за што сум и премногу благодарен. Песната ќе можеме да ја слушаме и на радио, а со тоа и да се потсетиме на големиот хит”, вели пејачот Димитров. Комплетен автор на песната е Драган Каранфиловски – Бојс, додека пак новиот аранжман, аудио продукцијата и видео приказната е Драган Ристовски-Дац. Јулијана Костадиновска и Димче Динчевски се моделите во приказната, а се појавува и хармоникашот Војче Петрушев од познатата музичката група “Маестро”.

Како звучи оваа преработка, слушнете и погледнете во продолжение.

Подготви: Александра Блажевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели