Симеон Коруноски го претстави коверот за светски познатата “Photograph” (Ed Sheeran)

Covers

16 годишниот Симеон Коруноски како да не знае да одмори, или едноставно не го умее тоа. Тој овие денови на својот профил на Фејсбук го објави својот нов ковер, овој пат за одличната песна “Photograph” на Ed Sheeran. Во краток, но сепак интересен разговор со него, Симеон ни откри неколку детали околу реализацијата на видео делот на овој ковер, како и неговата мотивација, инспирација и желба за снимање на токму оваа песна.

Музика24: Пред се ни е драго што повторно промовираш ковер од позната музичка ѕвезда, познат хит кој речиси нема кој, а да не го знае. Пред се чија беше реализацијата околу видеоспотот за овој ковер?

Симеон Коруноски: Како што можете да забележите видеото е снимено на Водно, односно, на патот кој што сеуште е затворен а го поврзува Сопиште со останатиот дел од градот. Видеото е во реализација на Културно-едукативниот центар “Креатив”.

Музика24: Од каде мотивацијата и зошто токму оваа песна ја одбра за снимање на ковер и токму овој познат светски музичар?

Симеон Коруноски: Ed Sheeran е моја голема инспирација и многу ги сакам неговите песни. Мислам дека многу ми одговараат и се пронаоѓам во нив. Музика24: Освен оваа песна која што рака на срце ја изведуваш одлично, кажи ни што е следно од тебе, односно, ќе има ли наскоро нов ковер и од кој музичар би бил истиот?

Симеон Коруноски: Секако дека имам намера повторно да снимам ковер, но за која песна и од кој изведувач сеуште немам размислувано. Можеби идниот ковер би бил од Shawn Mendes хехехе.

Музика24: Некој вели дека е можеби рано, некој не, но не интересира со кого и каде Симеон ќе ја испрати старата и дочека Новата 2018-та година?

Симеон Коруноски: Ај, тоа уште не знам хахаха (се смее). Секако со најблиските другари и другарки во Скопје. А баш би сакал, кога би имал можност, за дочекот на Нова година да појдам во Дубаи хахаха (се смее).

Ако не оваа Нова година, искрено веруваме дека следната младиот се популарен и познат македонски пејач Симеон Коруноски ќе ја дочека во Дубаи. А во продолжение, со задоволство ви го претставуваме неговиот нов ковер за познатата “Photograph” од Ed Sheeran.

Ed Sheeran – Photograf (Cover by Simeon Korunoski)

New cover by Simeon KorunoskiEd Sheeran – PhotographLike, share and comment! :)#EdSheeran #Photograph #SimeonKorunoski #Cover #Bicycle #Vodno

Posted by Simeon Korunoski on Donnerstag, 14. Dezember 2017

Подготви: Иван Јосимовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели