Стефан од “Next Time” ја отпеа легендарната “Purple Rain” (Видео)

Covers

Веројатно сите се сеќавате на “Next Time”, на Стефан и Мартин и сите нивни хитови кои некогаш беа на местото број 1 на топ листите во Македонија. Тие веќе на големо го подготвуваат својот нов материјал, снимаат, работат, создаваат, но, во меѓувреме додека нешто ново и авторско ни презентираат, тие не застануваат и туку да престанат да работат нешто што е поврзано со музиката. Напротив, создаваат, снимаат преработки, ковери на познати светски хитови кои веруваме сите од вас ги знаете.

На својот фејсбук профил денес Стефан постираше песна од светски познатиот Принс “Purple Rain” која е снимена во 1984-та година. Одлично е ова што се прави и што се снимаат и постираат песни кои на овој или оној начин се заборавени. Музика24 овој чин го подржува и ги охрабрува сите оние кои снимаат и сакаат да бидат промовирани, секако да не контактираат, а ние знаеме што понатаму.

Во продолжение, ви прадлагаме да ја преслушате преработката на “Purple Rain” отпеана од Стефан од “Next Time” со кликнување на следниот линк: Стефан – “Purple Rain”.

Подготви: Александра Блажевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели