Тамара Ангеловска ќе го освојува албанскиот пазар (Видео)

Covers

Младата пејачка Тамара Ангеловска со фантастична изведба на евровизискиот хит “Сус” на Рона Нишлиу и видео во режија на Џубокс Видео ќе го освојува албанскиот музички пазар. Имено, младата талентирана македонска пејачка Тамара Ангеловска која пред само нешто повеќе од еден месец славеше полнолетство и ја промовираше својата втора песна насловена како “Не можам без тебе”, ја изненади јавноста со фантастична изведба на албанскиот евровизиски хит “Сус” или на македонски “Тишина” на Рона Нишлиу.

Преработката на песната Тамара ја направи во студиото на Иле Спасев, додека режијата и снимањето на видеото му ги препушти на Џулиани и неговата Џубокс Видео продукција. За нејзиниот изглед се погрижија стилистите од бутикот “Голден Гарден” од Велес кои за Ангеловска избраа свечена црна тоалета која одлично и прилега. Рона Нишлиу е албанска пејачка и текстописец, а со својот мега хит “Сус” во 2012-та година на Албанија и го носи високото 5-то место на најгледаниот европски музички натпревар Евровизија 2012 во Баку, Азербејџан. Воедно ова е најдобриот пласман на Албанија во историјата на Евровизија.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели