Музичкиот состав “Театро бенд” ја претстави својата преработка на песната “Малечка” од Тоше Проески, а со неа ја најавуваат првата студиска песна која јавноста ќе може да ја слушне многу наскоро. Новиот аранжман на “Малечка” го направи Маријан Стојменов – Ѕика, додека видеото се снимаше во Буре Бар во Кочани, по идеја на Димитар Апостолов.
Освен снимањето на новата песна, момците од “Театро бенд” периодов се ангажирани со настапи во клубовите и локалите ширум целата земја.
Подготви: Редакција Музика24