0

Евровизија во Тел Авив

Фестивали

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) денес соопшти дека Тел Авив ќе биде град домаќин на 64-то издание на Евровизија. По неколкумесечни преговори, организаторите велат дека го избрале Тел Авив, а не Ерусалим, заради инфраструктурата и можностите што ги нуди. Финалето ќе се одржи на 18-ти мај следната година, а полуфиналињата се закажани за 14-ти и 16-ти мај, во Експо центарот во Тел Авив.

“Сакаме да им се заблагодариме на сите израелски градови што се вклучија во трката за домаќин на “Евровизија 2019″ и на националната телевизија КАН што ни помогна да направиме темелна проценка пред да донесеме конечна одлука. Сметаме дека Тел Авив го нуди најдоброто решение за најголемиот музички фестивал. Возбудени сме што фестивалот ќе се случува во нов град и се радуваме што ќе работиме со КАН за да ја направиме следната Евровизија најспектакуларна до сега”, изјави Јон Ола Санд, претседателот на ЕБУ.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели