Балканленд

Дали Ерменија ќе победи на “Eurosong 2014”?! (Видео)

Арам МР3 ќе ја претставува Ерменија на овогодишеното издание на Евровизија, која што ќе се одржи во мај во Копенхаген, а според котирањето на обложувалниците, тој има најмногу шанси за победа. Според обложувалниците, балканските претставници се сместени под 25-тото место, а најмногу шанси за победа има претставникот на Ерменија. Црногорскиот претставник, според обложувалниците, Сергеј Четковиќ, ќе биде 26-ти, додека нашата претставничка Тијана би била две места подолу.

Арам МР3 има 29 години како Артам Саргсјан, а се занимава со музика, глума и стенд ап комедија. Ерменија, инаку досега најдобар пласман обезбеди во 2008-ма година на четврта позиција.

Подготви: Марија Каревска

Можеби ќе ве интересира: