Балканленд

Евросонг: Есма и Лозано оставија позитивни реакции кај европјаните

Првата проба на македонската евровизиска екипа, која што се случи вчера оставила позитивен впечаток кај сите присутни, јавија од делегацијата на македонските претставници на Евровизија. Позитивните коментари се однесуваа на моќниот почеток на “Пред да се раздени” отпеан од Лозано и кулминацискиот гласовен дует на Есма и Влатко.

Вчера во Малме се одржаа првите аудио технички и сценско визуелни проби на дел од 39-те земји учеснички на Изборот за песна на Евровизија. Благодарение на победата на Лорен од минатата година во Баку, честа да биде домаќин и организатор на 58-то издание на Евросонг, годинава ја има Шведска и градот Малме, кој во евровизиската историја по втор пат се јавува како град домаќин.

“До почетокот на втората полуфинална вечер, настапот на нашите претставници ќе биде доведен до највисоко професионално ниво”, изјави шефот на македонската делегација Мирковски, веднаш по првата проба. Бројката која достигна над 30 интервјуа досега, говори за фактот дека нашите претставници навистина го привлекуваат вниманието на меѓународните електронски и печатени медиуми кои со особено внимание ја следат Евровизија секоја година.

Есма и Лозано заедно со нивните пратечки вокали Нина Јанева и Елеонора Мустафова за Македонија настапуваат под реден број три на втората полуфинална вечер на 16 мај од 58-то издание на Изборот за песна на Евровизија. Македонската радио телевизија како официјална членка на Европската радиодифузна мрежа и годинава ќе биде дел од најголемиот телевизиски сценско-музички спектакл Евровизија кој се одржува од 14-ти до 18-ти мај во Малме, Шведска.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: