Фестивали

Евровизија 2013: Хрватска ја одбра песната која ќе ја претставува во Малме

Хрватска ја одбра евровизиската песна за “Песна на Евровизија” што ќе се одржи во Малме, Шведска. Песната на 38 годишниот Горан Топаловац “Мижерја” ги освои симпатиите на специјалното жири во кои членови беа уредникот на забавната редакција на ХРТ Велимир Ѓуретиќ, музичкиот продуцент и аранжер Никша Братош и Анте Пецотиќ.

Иако непознат за пошироката јавност, песната на Топаловац Хрватска ќе ја претстави на првата полуфинална вечер под местото број 2. По изборот на песната, на Хрватска и остана уште да одбере достоен изведувач кој ќе ја претстави на Евровизија 2013.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: