Фестивали

Маја Оџаклиевска ја одбила евровизиската песна

Идниов период кај нашиот северен сосед ќе се одржи изборот за претставник за Евровизија 2013. Нашата македонска пеачка, која долги години живее и работи во Белград, добила понуда за учество на “Беосонг” каде требало да настапи со песната “Ангел од небото”, композиција на Никола Буровац.

Таа за сето тоа изјавува:

“Сум учествувала на многу фестивали и смешно ми е да се натпреварувам со анонимуси. Немам сила да се справувам со нови диктати и не можам да прифатам да се натпреварувам ако од старт знам дека песната не е единственото оружје. Или знаеш, или не знаеш да пееш, или имаш добра песна, или немаш, тоа би требало да биде единствениот критериум, а не по принципот “дај ми, ќе ти дадам”, го објаснува Оџаклиевска своето отсуство од учеството на Беосонг, изборот за песна за Евровизија.

Подготви: Виолета Трајкоска

Можеби ќе ве интересира: