Македонија доби награда од Евровизија?!

Евровизија

Нашите претставници на годинашниот Евросонг кој што се одржа во Лисабон, Португалија, беа во тесен избор за добивање на една не толку престижна награда, а сега и официјално се здобија со истата. И покрај тоа што не се пласираа во финалето со песната “Lost and found’” и според официјалните резултати се најдоа на претпоследно место на првата полуфинална вечер, сепак Бојан и Марија на нашата земја и го донесоа првото место на БДА, а веднаш зад нас беа музичарите од Австралија и Белгија. Станува збор за наградата Барбара Декс, која што уште од 1993 година им се доделува на најлошо облечените учесници на Евровизија.

Имено награда го носи името според белгиската претставничка на Евровизија од 1993 година, Барбара Декс која што тогаш го шокираше светотот со фустанот кој сама го креирала за настапот и воедно е првата која ја доби оваа награда. Ова не е прв пат нашата земја да се закити со БДА. Во 2005 година, истата титула ја доби и тогашниот претставник на Евровизија, Мартин Вучиќ. И тој, како и Марија годинава, настапи во сако со розева боја.

Инаку, креацијата која ја носеше нашата претставничка е изработена од креаторот Александар Бимбилоски од Охрид, попознат под името на модниот бренд “Румор”. Александар објавата ја заврши со зборовите дека таквите критики не се вредни за неговото време и дека негативноста убива.

“До сите хејтери, не бевте ниту пак ќе бидете на ваков настан, да видете што се случува. Не сте вредни за моето време, најдете си живот, негативноста убива”, порача дизајнерот на официјално најлошиот стајлинг на Евровизија.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели