Македонија ќе учествува на “Детска евровизија 2017“

Евровизија

Европската радиодифузна унија соопшти дека на овогодинешниот “Детски избор на песна за Евровизија“ ќе учествуваат 16 земји, меѓу кои и Македонија.

Покрај Македонија учествуваат и : домаќинот Грузија, Малта, Ерменија, Белорусија, Русија, Италија, Австралија, Албанија, Кипар, Ирска, Полска, Србија, Холандија, Украина и Португалија која се враќа после 10 години пауза.

Македонија учествува по 13-ти пат почнувајќи од 2003 година со две години пауза во 2012 и 2014 година. Нашиот најдобар пласман е 5-то место  во две последователни години 2007 и 2008 година.

Минатата година Македонија ја претставуваше Мартија Станојковиќ која го освои 12-то место.

“Детска евровизија 2017“ ќе се одржи во недела на 26 ноември во “Олимписка палата“ во Тбилси, Грузија.

Подготви: Филип Етмишовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели