Украинската национална телевизија ги промовираше логото и слоганот за овогодинешниот Избор за песна на Евровизија. За слоган на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија избран е “Celebrate Diversity”, слоганот ќе биде и тема за сите аспекти на овогодинешната Евровизија, почнувајќи од комуникацијата, продукцијата па дури и самите изведувачи.
Овогодинешното лого е иснспирирано од Namysto, традиционална украинска огрлица која се смета за амајлија која носи среќа. Логото со Namysto, е составено од бисери со различен дизајн кои симболизираат разноликост и индивидуалитет.
Овогодинешниот Избор за песна на Евровизија ќе се одржи од 9-ти до 13-ти мај во Киев, Украина.
Подготви: Филип Етмишовски