Балканленд

Тијана на Евровизија без својот сопруг

Претставничката на Македонија на овогодинашниот Евросонг Тијана Дапчевиќ одлучила без сопругот Милан да отпатува на овој натпревар, кој во мај ќе се одржи во Копенхаген, Данска.

“Милан ми е апсолутно најголема поддршка и сојузник во се, но тој, за жал, ќе остане дома со нашиот син Вук и оттаму ќе навива за мене. Вук е сепак мал за патување, така што тие неколку дена ќе се дружи само со татко му”, вели Тијана. Таа очекува поддршка од сите земји од бивша Југославија, но не е оптоваррена со пласманот.

“Пишуваа дека одам на победа, но не е тоа баш така. Пласманот ми е битен, но далеку од тоа дека е од пресудно значење. Најважно ми е да се претставам себеси и својата земја на најдобар начин и ќе направам сетоа така и да биде”, порачува пејачката. Тијана, сепак, покрај себе ќе има еден член од семејството, бидејќи со неа патува сестра и Тамара Тодевска која ќе ги пее придружните вокали.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: