Фестивали

Евровизија 2018: Македонија настапува 11-та на евровизиското тв шоу

Пред само некој ден беше откриен и редоследот на земјите учеснички кои ќе настапуваат во двете полуфинални вечери. Македонија е 11-та по ред. Пред нас настапува Бугарија, а по  нас Хрватска. Оваа година “Eye Cue”е бендот кој ќе ја претставува Македонија на Евросонг во Лисабон со песната “Lost and found”.

Извршниот продуцент на шоуто, Јон Ола Санд, го објави редоследот по кој земјите учеснички ќе се претстават на 63-то издание на популарниот музички настан во Лисабон, Португалија. Земји што имаат директен пласман во финалето се Шпанија, Велика Британија и домаќинот Португалија, кои ќе гласаат во првото полуфинале и Италија, Германија и Франција кои ќе имаат право на глас на втората полуфинална вечер. Македонија се нема пласирано во завршницата на Евросонг од 2012-та година кога тоа и успеа на Калиопи со темата “Црно и бело”.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: