И официјално, Жељко Јоксимовиќ дел од “Пивофест 2018” (Фото)

Неодамна нашиот музички портал прв и единствен, како и секогаш досега, ја објави неофицијалната програма за овогодинешното 16-то издание на “Пивофест” (читај: ЕКСКЛУЗИВНО: ШАБАН ШАУЛИЌ, ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ, “ЦРВЕНА ЈАБУКА“ ДЕЛ ОД ПРОГРАМА НА “ПИВОФЕСТ“) кој што традиционално се одржува во Прилеп. Сеуште немаме никаква потврда ниту пак демант од Општина Прилеп, но и официјално на сајтот на познатиот балкански пејач Жељко Јоксимовиќ стои дека на 14-ти јули ќе има свој концерт на Градскиот плоштад во Прилеп.

А во продолжение, погледнете ја сеуште неофицијалната програма до која дојде Музика24, и секако доколку некој од Вашите музички идоли се наоѓаат како дел од овогодинешното фестивалско издание на овој познат Балкански фестивал на пивото, уште одсега планирате посета и одлично помината вечер во градот под Марковите кули.

Подготви: Влад Петров

Повеќе на Музика24...