Најдобра прва фестивалска вечер во досегашната традиција на “Пивофест”

Пивофест 2016

Спектакуларниот почеток на 15-то јубилејно издание на Фестивалот на пивото – Прилеп 2017, уште еднаш ги подигна повисоко стандардите на овој реномиран настан потврдувајќи ја беспрекорната организација и одличниот избор на атрактивни артисти. Фестивалот го отвори “Aj Kjу”, забавата потоа продолжи со култната група “Психомодо Поп” и “Амадеус бенд”.

“Многу сме возбудени, атмосверата беше прекрасна, одлична бина, озвучување, многу пиво и скара и се е супер”, посочија после настапот “Aj Kjу”. Со веење на македонското знаме, пеење на голем број македонски песни, со стари и нови хитови, незаменливите “Амадеус бенд” ја затворија првата фестивалска вечер.

“Во Прилеп имаме гостувано многу пати, но на “Пивофест” сме прв пат. Слушнавме дека ова е одличен фестивал и ветуваме многу добра журка и многу пиво”, кажа “Амадеус Бенд”. Градоначалникот Марјан Ристески на денешната прес конференција, не го криеше своето задоволство за првата фестивалска вечер.

“Имавме прекрасна вечер, се надевам дека сите се забавуваа, една прекрасна атмосвера, многу позитивна енергија и оваа втора вечер продолжува забавата со големите музички имиња како што се: Don Minott & Conquering Lion, Нокаут и Ален Исламовиќ, кој денеска е присутен со нас”, рече Градоначалникот Ристески на денешниот прес.

“Мило ми е што сум денеска овде. Вечерва ќе ги свириме сите оние најубави песни што ги имам пеано, се разбира заедно со Вас. Се радувам многу на овој фестивал затоа што сум за прв пат овде”, посочи на прес-конференцијата пејачот Ален Исламовиќ.

Шармантната и сексипилна водителка Марјана ја најави новата наградна игра, односно, изборот на најдобра селфи фотографија, а наградените ќе имаат можност да се дружат со своите омилени пејачи во бекстејџот и да добијат една голема маскота мајмун. Заинтересираните треба да ги испраќаат своите фотографии во inbox на facebook страницата на Pivofestival.mk. Се очекува втората вечер од овој фестивал да донесе уште поголемо присуство на гости, а потврдата за тоа се многуте млади кампери кои веќе се стационирани и ги уживаат сите бенефити на бесплатното кампинг сместување на Могилата.

Од Прилеп за Музика24: Иван Јосимовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели