Денес започнува јубилејното 15-то издание на популарниот “Пивофест” во Прилеп (Фото)

Пивофест 2016

Како и секоја година, така и оваа традиционално веднаш по големиот христијански празник Петровден започнува балкански познатиот и популарен фестивал на пивото и скарата “Пивофест” во Прилеп. Вечерва со традиционалниот говор на Градоначалникот на Општина Прилеп Г-нот Марјан Ристески ќе стартува и овогодинешното јубилејно издание на овој голем пиво фестивал во Македонија.

Први на сцената кои ќе имаат привилегија и чест да го отворат 15-то издание на “Пивофест” ќе биде познатата македонска рок/поп група “Eye Cue”, а веднаш по нив на фестивалската сцена ќе се појават “Psihomodo Pop”, за на крај вечерта да заврши со балканската позната и популарна група “Амадеус Бенд”.

Во продолжение погледнете ја програмата за тоа кој се ќе настапува на “Пивофест” и секако која вечер е вашиот фаворит.

Во меѓувреме, интересно е што во градот под Марковите кули пред официјалното стартување на овогодинешното издание на “Пивофест” се случи отворање на Аква парк кој што е плус мотив за посета на Прилеп и “Пивофест”. Како што не известуваат од Општина Прилеп, Аква паркот е на површина од 4.500 метри со изградени тобогани, лизгалки, базен за деца, базен за возрасни, шанкови во вода, лежалки, стејџ, административна зграда со ресторан, кафе-барови, санитарни јазли, туш кабини, соблекувални и прва помош.

И да не заборавиме да напоменеме дека и оваа година за време на “Пивофест” ќе биде отворен кампинг просторот на паркот Могила и истиот ќе биде ставен во функција за време на четирите фестивалски денови на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп. Кампингот е опремен со тоалети и тушеви и место за паркинг, а за камперите повторно ќе биде обезбедени со бесплатна чорба, кафе и чај.

Бидете дел и оваа година од јубилејното издание на најпознатиот и балкански популарен фестивал на скарата и пивото “Пивофест”, кој ќе започне од вечерва 12-ти јули и ќе трае се до недела 16-ти јули. Специјализираниот македонски музички портал Музика24 и оваа година е еден од медиумските покровители на “Пивофест” од каде што со своја екипа редовно и навремено ќе ве информира за сите случувања, пресови, новости и се она што е актуелно за времетраењето на истиот.

Подготви: Иван Јосимовски

 

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели