Пивофест 2013: Халид Бешлиќ вчера вечер го “тресеше” Прилеп

Пивофест 2016

По двете успешни фестивалски вечери, вчера вечер заврши и претпоследната трета по ред вечер од фестивалот на пивото “Пивофест”. Како што и претходно пишувавме, оваа вечер беше можеби една од најпосетените за разлика од изминатите две. На сцената најпрво се појави Соња Тарчуловска која ја отвори третата фестивалска вечер, а потоа на сцената публиката имаше можност да го види и слушне Миле Кузмановски кој со своите добро познати хитови “Крал без круна”, “Не кани ме”… ја расположи и распеа публиката. По 40-на минути беше најавана познатата хрватска пејачка Данијела Мартиновиќ која на сцената направи вистинско шоу, ги отпеа и новите песни и се беше совршено, за на крајот на самата вечер се појави и ѕвездата на вечерта Халид Бешлиќ кој едноставно го “растресе” Прилеп со своите добро познати хитови: “Нечу, нечу дијаманте”, “Окуј ме царе”, “Златне струне”, “Миљацка”… и уште многу други на кои публиката едноставно пееше и уживаше во песните.

Во текот на денешниот ден на Музика24 ќе имате можност да го прочитате ексклузивното интервју кое што Халид Бешлиќ го даде за нашиот музички портал и изјавите на Данијела Мартиновиќ по нејзиниот вчерашен настап.

Вечерва е последната фестивалска вечер со која и официјално завршува годинешното единаесето “Пивофест” издание. На сцената, според официјлната програма, ќе се појават Bjorko & Copen­hagen Chal­gia, Dj Prin­sen Paulista, потоа следува Модната ревија на Васидора, Зоран Џорлев и како последен во 00 часот на сцената ќе се појави Горан Бреговиќ со оркестарот за свадби и погреби. Се надеваме дека уживавте во изминатите три пибо фест вечери, вечерва е последната па едноставо уживајте!

Подготви: Александра Блажевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели