0

Неофицијално: Северина, Харис Џиновиќ, Амадеус Бенд, Нокаут, Ај Кју… дел од “Пивофест 2017” (Фото)

Пивофест 2016

Како што неофицијално дознава Специјализираниот македонски и единствен музички портал во Македонија Музика24, на овогодинешното јубилејно 15-то издание на најголемиот пиво фестивал во регионот “Пивофест”, кој традиционално се оддржува веднаш по Св. Петар и Павле – Петровден во Прилеп, од 13-ти до 16-ти јули на сцената на “Пивофест 2017” ќе настапат: популарната и позната балканска поп пејачка Северина, се повеќе популарните и барани Амадеус Бенд, хитмејкерот Харис Џиновиќ, одличните Нокаут, секогаш позитивните и расположени Ај Кју… и многу други.

Информациите до кој дојде Музика24 се неофицијални, сеуште непотврдени од општина Прилеп, но како што наведува нашиот извор се очекува истите наскоро да се потврдат. Што останува друго знаејќи дел од овогодинешната пивофест програма, освен добро да се подготвите за одлична и незаборавна забава, убаво и незаборавно поминати четири дена во градот под Марковите кули, како и уживање со многубројните разноврсни пива и скара изложени за конзумација. Нашиот музички портал како и секоја година и оваа е еден од медиумските покровители на “Пивофест”.

Подготви: Иван Јосимовски и Маринела Каранфилоска

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели