Пивофест 2017: Нокаут на сцената – камерите се исклучија

Пивофест 2016

Речиси секоја година, вклучувајќи ја и оваа, “Пивофест” е медиумски покриен и секој настап и концерт се снима за време на самото одржување, а потоа истите одложно се емитуваат на телевизиските станици ширум републиката. Но така не беше и вчера пред и за време на настапот на нашата позната македонска поп група “Нокаут”.

Имено, пред настапот на “Нокаут” фронтменот на групата Никола Перевски – Пере изјави дека доколку не бидат исклучени камерите нема да излезе воопшто на сцената и да го одржи веќе најавениот настап на “Пивофест”. Тука реагираа организаторите, а и менаџерот на “Нокаут” од Горила продукција, со што по исклучување на камерите на Фан продукција кој всушност го снимаат секој настап, групата излезе на сцената и го започна настапот со своите најголеми хитови, балади и старо-нови песни.

По настапот Пере изјави:

“Имам неверојатни импресии, мислам дека има околу 10.000 илјади посетители, не сум сигурен не можам да догледам, неверојатно изгледа чувството и глетката одозгора кога настапувате. Импресиите не можам да ги опишам со зборови, се е толку фантастично, ние за прв пат настапуваме на “Пивофест” после толку години. “Нокаут” секогаш иде со добро пиво, оваа вечер ни беше посебна и драга и после толку време ни се исполни желбата да настапиме на еден фестивал, поточно на еден од подобрите пивски фестивали во Европа”, изјави Пере воодушевен од настапот и реакциите на публиката.

На прашање што и ако планираат во иднина, тој за Музика24 одговори:

“Требаше оваа година да го издадеме нашиот нов албум, но тоа го оставивме за месец фебруари или март следната година, тоа ќе покаже времето. Значи новиот албум ќе го издадеме следната година, додека пак до крајот на оваа ќе издадеме уште два нови сингла, а планираме и многу настапи како во Македонија, така и надвор од неа”, изјави фронтменот на “Нокаут” за Музика24.

Од Прилеп за Музика24: Иван Јосимовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели