0

Одлично помината и втора вечер на “Пивофест 2017” (Фото)

Пивофест 2016

Ако првата вечер беше одлично посетена, вчеравечер Прилеп, градскиот плоштад и воопшто целиот град беше полн од посетители и обожаватели на веќе најавените гости и учесници на втората фестивалска вечер. Како и што веќе беше најавено, први на сцената со кои започна втората фестивалска вечер беа “Don Minott & Conquering Lion” кои со своите специфични песни музика ја кренаа публиката на нозе.

Веднаш после нив, на фестивалската пиво сцена се појавија нашите популарни и познати “Нокаут” кои на веќе расположената публика ги отпееја своите најголеми хитови, старо-нови песни, како и дел од новите кои токму вчеравечер ги промовираа.

А како последен на сцената се појави ѕвездата на вечерта, Ален Исламовиќ кој што го крена андреналинот на публиката, и немаше песна која што публиката не ја пееше заедно со Исламовиќ. Неговите препознатливи хитови од минатото како и оние новите.

Денес на третиот ден од фестивалската треска во Прилеп, на сцената прва во 21 часот ќе настапи нашата популарна фолк пејачка Елена Велевска која веруваме дека со своите хитови нема никој да остане рамндушен, втора на сцената на третиот ден од “Пивофест” ќе настапи препознатливата српска пејачка Анабела и како јаготка на шлагот, како последен изведувач, вечерва на сцената ќе се појави мега популарниот и балкански познат Харис Џиновиќ кој веруваме дека атмосверата ќе ја крена на највисоко можно ниво.

Од Прилеп за Музика24: Иван Јосимовски

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели