Балканленд

Прилепчани подготвени за уште едно издание на “Пивофест” (Видео)

Под мотото: “Еден е фестивалот – Пивофест”, денес општина Прилеп одржа прва и официјална прес-конференција посветена на овогодинешното 14-то издание на “Пивофест”, каде што после разно-разните шпекулации, погодувања на музичките учесници, денес пред новинарите се обзнани официјалната и целосна програма во времетраење од четири дена, односно, од 14-ти до 17-ти јули. Уште една година, четиринаесета по ред, Прилеп се подготвува и веќе во завршна фаза е се она што Здружението на граѓани ЦГИ од Прилеп заедно со оптина Прилеп го подготвуваат за големата пиво забава.

Како што велат организаторите, оваа година за времетраење на четирите фестивалски вечери се очекуваат повеќе од 350.000 илјади посетители што од земјава, што од останатите земји од регионот.

“Економскиот бенефит на градот и регионот е голем, ќе има максимална безбедност и прифаќање на сите оние кои во најавените четири дена ќе бидат гости во Прилеп”, истакнаа на денешната прес-конференција познатите тв водители Маријана Станојковска и Жарко Димитриоски кој што и оваа година, исто како и изминатата, ќе бидат водители и аниматори на посетителите и публиката присутна на големиот плоштад во Прилеп.

Pivofest_pivofest prva press konferencija

Од здружението на граѓани ЦГИ – Прилеп посочија пак дека на 20.000 метри квадратни ќе бидат поставени 30-на штандови, на гостите на располагање ќе им бидат околу 20.000 илјади паркинг места, хотелските капацитети и приватното сместување се речиси исполнети, а место се бара и во околните градови. За да се обезбеди подобра услуга ќе биде продолжено и работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот.

Фестивалот на пивото и оваа година најавува одлична забава со македонското девојче Каролина Гочева, Crossroad Blues Band, познатата ска – панк група од Белград “Самостални референти”, Fly Project, Raphael, Тропико Бенд, Рада Манојловиќ, Хари Мата Хари, Александра Радовиќ, Миле Кузмановски, Bang La Decks, Дејан Петровиќ, Парни Ваљак како и познатата балканска ѕвезда Аца Лукас.

Доколку сакате одличен начин да се одморите, да уживате со добра скара и одлично подготвена музичка програма, да кампувате и авантуристички да поминете неколку дена во природа, секако тука е традиционалниот начин на престојување во градот Прилеп за време на “Пивофест” каде можете да кампувате во паркот Могила со вкусна утринска чорба и утринско кафе и чај. Од Македонски железници како и секоја година, така и оваа ги зголемуваат тргнувањата кон Прилеп од главниот град, и најавуваат дека сите посетители од другите градови кои се до 26 години може бесплатно да патуваат и присуствуваат на големата пиво забава во Прилеп.

Специјализираниот македонски музички портал и оваа година е медиумски покровител на “Пивофест” од каде Ви најавуваме голем број на ексклузивни интервјуа, текстови поврзани со случувањата околу овој голем настан, како и вклучување во живо на нашите фан страници за време на давајето изјави од страна на музичките ѕвезди и за времетраењето на фестивалот.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: