0

Прилеп за “Пивофест” преполн со посетители од цела Европа

Пивофест 2016

Прилеп е преполн со посетители од сите градови. Во хотелските капацитети скоро и да нема место. Исто така преполно е и на Паркот на Револуцијата каде веќе со години се организира бесплатен кампинг за сите оние сакаат да уживаат во “Пивофест” од една поинаква перспектива.

“Јас сум прв пат тука, доаѓам од Скопје, одлично е, супер е организииран кампингот. Синоќа бевме долу во центарот на градот каде си поминавме одлично, се надевам дека вечерва ќе биде уште поубаво”, вели Марјан Николовски, кампер од Скопје.

“Веќе 5 години доаѓам тука во кампот. Можам да кажам дека бината долу ми е втор план кога доаѓам на фестивалот, поинтересна и подобра ми е дружбата тука на Могила, се запознаваме меѓу себе, се дружиме, не има од сите градови на Македонија, а исто така има и странци. Навечер имаме гитарче, музика, пиво одлично е”, рече Дејан Богатиновски, кампер од Скопје.

Освен од Македонија, имаше туристи од повеќе држави и една поголема група од Белгија.

“Ние сме од Белгија, за прв пат сме во Македонија. Ние сме околу 20 луѓе, дојдовме на турнеја низ Македонија, а тука сме специјално за “Пивофест”. За овој фестивал слушнавме од едни наши пријатели кои биле тука пред 3 години и ни кажаа дека е прекрасно. Луѓето се прекрасни, многу се гостопримливи и забавата е одлична”, рекоа посетителите од Белгија.

И денеска, како и секоја година, кампериите добиваа бесплатна чорба, кафе и чај.

“Радува фактот што бројот на кампери секоја година се повеќе и повеќе се зголемува. Имаме кампери не само од Македонија, туку и од цела Европа. Тоа се кампери од најразлични генерации, луѓе со поавантуристички дух кои решиле својот престој да го поминат токму тука. За да го направиме нивниот престој што попријатен им обезбедивме бесплатен кампинг, организаторот им овозможи бесплатно да ги паркираат своите возила, бесплатен појадок секое утро, обезбедени се сите хигиенски услови. Паркот изобилува со доста спортски содржини, а сега во негова близина имаме и Аква парк, така што неговата атрактивност е доста голема”, изјави Александар Јованоски од Општина Прилеп. Вечерва на сцената на “Пивофест” ќе настапат Елена Велеска, Анабела, а третата вечер од фестивалот ќе ја затвори Харис Џиновиќ.

За Музика24 од Прилеп: Иван Јосимовски

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели