Специјализираниот македонски музички портал Музика 24, од неофицијални извори ја доби и ексклузивно ја објавува програмата за престојното издание на “Пивофест“ во Прилеп. Овогодинешното 16-то издание на најмасовниот и најпознат пивски фестивал во Македонија ќе се одржи од 12-ти до 15-ти јули.
На првата фестивалска вечер на 12-ти јули на големата сцена на градскиот плоштад во Прилеп ќе настапат: Слаткаристика, српскиот рок бенд “Ван Гог“ и Кирил Џајковски.
На 13-ти јули следуваат настапите на: Дарио, Бени и “Нон-стоп” по што следува настапот на една од најпопуларните рок бендови од поранешна Југославија, “Црвена Јабука“. За крајот на вечерта е задолжен еден од најпопуларните DJ-и Romeo Blanco.
Првиот ден од викендот (14-ти јули) е резервиран за нашите “Next Тime“, а по нив следуваат балканските ѕвезди Данијела Мартиновиќ и Жељко Јоксимовиќ. Мартиновиќ претходно настапуваше на “Пивофест“ 2013-та, а Јоксимовиќ на јубилејното 10-то издание во 2012-та година.
Последниот ден на “Пивофест“ ќе го отворат “Либеро бенд“, а по нив на сцената ќе настапат “Куку Леле”. Кулуминацијата на забавата се очекува со настапите на Џенан Лончаревиќ и кралот на народната музика Шабан Шаулиќ.
Подготви: Филип Етмишовски
