0

Започна “Баскерфест 2018” (Фото)

Фестивали

Пред само неколку дена на Градскиот плоштад во Скопје стартуваше 13-то издание на Фестивалот на улични изведувачи “Баскерфест 2018”. Шест дена од 12-ти до 17-ти јуни ќе биде претворен во уличен театар под отворено небо со улични артисти од Јапонија, Индија, Аргентина, Франција, Шпанија, Бразил, како и млади македонски музичари и светски баскер бендови.

За најмладите ќе има и детска едукативна работилница “Киндер парк”, едукативно катче за животни/миленици, како и неколку интеркативни игри. Во склоп на “Баскерфест 2018” ќе има и интерактивни инсталации поставени на целиот плоштад, како и натпревар за креативни уметници – “Арт-ен-крафт”. За фудбалските фанови, по повод престојното Светско фудбалско првенство, ќе има спортски забавен корнер. Фестивалот, традиционално е под покровителство на Град Скопје.

Подготви: Дениза Илиевска

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели