” The Prodigy” ќе донираат за жртвите од поплавата

Фото статус

Култниот бенд “The Prodigy”, кој на 14-ти август ќе одржи концерт во Охрид, на својот фејсбук профил даде поддршка за настраданите во поплавите во Скопје.

“Најголема почит за Македонците што ги загубија животите и настрадаа во поплавите. Ние ќе донираме во Црвениот крст на Македонија. Почит кон сите жртви и нивните семејства и до сите македонски борци. Се гледаме на “Охрид колинг” в недела на 14-ти август”, напиша бендот на фејсбук-страната.

The Prodigy_FB status“The Prodigy” доаѓаат во Македонија една година по излегувањето на нивниот последен албум “Invaders must die”, со кој четврти пат по ред го освојуваат првото место на британската топ-листа. “The Prodigy” имаат продадено над 25 милиони албуми, а на музичката сцена се пробија со сингловите од вториот и третиот албум “Music for the Jilted Generation” и “Fat of the Land”, од кои излегоа хитовите “Vodoo People”, “No Good”, “Firestarter”, “Breathe”, “Smack my bitch up”, “One Love”, “Poison”…

Подготви: Редакција на Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели