Ексклузивно интервју на Музика24: Неша Галија

Интервјуа

Се сеќавате ли на познатата и многу популарна екс-југословенска група “Галија”? Основана е во 1976-та година од Ненад Милосавјевиќ и уште неколкумина музички ентузијасти. Првиот значаен и голем успех го стекнуваат со победата на “Зајачарската гитаријада” во 1978-та година, кога и настапуваат како предгрупа на тогаш популарната група “Смак”. Нивниот прв албум “Прва пловидба” го издаваат една година подоцна, односно во 1979-та година.

Токму тој, Неша Галија големиот композитор и музичар вечерва има свој настап во градот на конзулите, градот Битола. Музика24 ексклузивно имаше можност накратко да поразговара со ова големо музичко име.

Музика24: На големо задоволство на битолчани, вечерва во Битола легендарниот Неша Галија. Како се чувствувате во Битола и после колку време повторно настапувате тука?

Неша Галија: Последно настапував овде пред околу две години, Битола е еден од најубавите градови, а и публиката во Македонија е одлична, така да го очекувам истиот прием како и пред две години. Тогаш беше супер.

Музика24: Што подготвивте вечерва за битолчани?

Неша Галија: Па, ќе видиме. Во принцип ваквите концерти се преполни со изненадувања и зависи многу од публиката, ваквиот вид на концерти и дозволува на публиката сама да го прави репертоарот. Ние само ги следиме и ги исполнуваме нивните желби.

Музика24: Која е тајната формула за успешно опстојување на сцената сиве овие години?

Неша Галија: Формулата е да се биде посветен и да се сака она што се работи, ова не тајната формула само за оваа професија туку и воопшто за сите. Ако сакаш да бидеш добар изведувач, доктор, инженер, професор итн. ти мораш да бидеш посветен на таа професија и да ја сакаш доволно за да и го посветиш животот, а потоа нема зима, па тогаш си најдобар или барем меѓу најдобрите.

Музика24: Вие продолжувате со настапи низ Македонија и регионот кои се Вашите следни дестинации?

Неша Галија: Летниот период ние доста активен и постојано сме на пат, имаме закажани концерти во Црна Гора, БиХ, Хрватска, Швајцарија, Данска, Шведска, Норвешка… но за некои концерти сеуште немаме точно определени датуми.

Музика24: За крај што ќе име порачате на читателите на водечкиот музички портал во Македонија – Музика 24?

Неша Галија: Да бидам искрен никој не е доволно паметен да дава совети, мора да го следите времето и трендовите во општеството. Можеби би сакал поинаква слика на општеството, но веројатно тоа е само мое мислење.

Интервјуто го подготови: Филип Етмишовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели